Дом за стари лица во Крива Паланка – реален и конкретен проект за подобар квалитет на живот на возрасните.
Денес градоначалникот на Крива Палнка Сашко Митовски заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и Јована Тренчовска, дополнителна министерка за труд и социјална политика, остварија посета на Домот за ученици “Боро Менков” за кој е изготвена проектно -техничка документација за реконструкција, адаптација и пренамена на еден дел во дом за стари лица.
Домот за стари во Крива Паланка вреди 42.000.000 денари со вклучен ДДВ, ќе има капацитет за 21 корисник, 15 еднокреветни и 3 двокреветни соби со сопствена бања; кујна, трпезарија и останати технички простории.
Домот за стари во Крива Паланка вреди 42.000.000 денари со вклучен ДДВ, ќе има капацитет за 21 корисник, 15 еднокреветни и 3 двокреветни соби со сопствена бања; кујна, трпезарија и останати технички простории.
![434784054_438600621900684_7017392642830365863_n](https://iportal.mk/wp-content/uploads/2024/04/434784054_438600621900684_7017392642830365863_n.jpg)
Проектот е влезен во програмата на МТСП за 2024 година и ќе биде еден од најубавите домови за стари во регионот.
![434636977_960067702153733_2765414185662662462_n](https://iportal.mk/wp-content/uploads/2024/04/434636977_960067702153733_2765414185662662462_n.jpg)
– Сите граѓани се еднакви, создавањето на услови за достоен живот на повозрасните претставува чекор кон квалитетен живот за сите.
Го посетивме “Боро Менков”, кој во еден дел станува Дом за стари лица во Крива Паланка. Сите граѓани, вклучувајќи ги и повозрасните заслужуваат достојни услови за поминување на своето време, за спокојни пензионерски денови поминати во радост и среќа, порача Николовски денеска од Крива Паланка.