Девојка повредена со сообраќајка во која возел малолетник

Вчера околу 15,30 часот на локалниот пат с.Брњарци-с.Стајковци, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17 -годишен малолетник од селото Арачиново и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(20) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Ј. во „аудито“, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e