Дете прегазено во струмичко

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во с.Дабиле, струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од с.Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од с.Дабиле.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица.

Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e