Детали за пукањето во скопско: Едно лице заврши на операција откако бил ранет во стомак

Попладнево околу 13ч. се случил вооружен инцидент во селото Љубош, при што двајца мажи биле повредени со пиштол. Повредените биле пренесени во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

Како што потврдија од МВР, денеска во 13:04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

– Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочија од МВР.
Дел од медиумите пренесоа дека пред поранешната Градска болница се случило инцидент со пукање, а повеќе возила на интервентна полиција се упатиле пред болницата. Според медиумите на местото на настанот имало автомобил со скршено задно стакло, а до возилото и пиштол. Но, оваа информација за порталот СДК ја негираше директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков.
„Немаше никаков инцидент, двете лица беа донесени повредени. Едниот беше со прострелна рана во пределот на стомакот и на него во моментов се изведува операција. Второто лице беше со повреда во пределот на лицето и тоа е препратено на Клиниката за максилофацијална хирургија“, вели директорот Арсенков за СДК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e