Детали за престрелката во Бутел: Испукани преку 100 куршуми, повредени нема

Во оружената престрелка што попладнево се случи во скопската општина Бутел биле испукани преку 100 куршуми, а околу 20 чаури се најдени на самото место, дознава и пренесува „360 степени“.

Лицето кон кое било пукано го пријавило случајот во полиција и посочило дека меѓу напаѓачите препознал двајца браќа од Сингелиќ.

Напаѓачите пукале со автоматско оружје од автомобили.

МВР го потврди случајот.

„Во 17:47 час. О.И. пријавил дека на ул. ‘Христијан Тодоровски Карпош’ новиот дел после подвозникот од десната страна ,од 2 ПМВ едното Фолксваген Пајтон сива боја и ПМВ Ауди 4 црна боја, во правец на О.И. од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје, но никој не бил повреден (пријавителот посочи дека препознал дел од напаѓачите). Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e