Демант на градоначалникот Мицевски по однос на прилогот во некои медиуми за наводен притисок врз општинската администрација

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски го демантира прилогот кој кружи во некои медиуми за наводен притисок врз општинската администрација.

Општина Крива Паланка и јас како градоначалник од самото стапување на функцијата, наметнавме темпо на професионалност, посветеност и транспарентност во работата, истакна во демантот градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

„Професионалниот пристап на општинската администрација во решавањето на проблемите на граѓаните е наша обврска и должност. Впрочем за тоа сме и платени од нив.

-Заостанати и нерешени предмети за легализација дури од 2011 година, и други тековни предмети е недозволиво за било која институција па и за Општина Крива Паланка и од аспект на решавање на определени барања но и од аспект на професионалност и нереализирање на директни приходи за општината“, потенцираше Мицевски.

„Во изминатиот период од граѓани добивам информации по писмен, усмен или телефонски пат дека лица вработени во општинската администрација во тек на работно време седат во угостителски објекти и дека не се почитува Етичкиот кодекс на работење. Од друга страна ефикасноста во работата е минимална што се гледа по бројот на решени предмети на неделна или месечна основа. Поради тоа од моја страна се преземаа низа на мерки за подобрување на ефикасноста во работењето со носење на Правилници, писмени наредби, контроли и проверки, писмени и усмени опомени, назначување на дополнителни лица кои ќе работат на надминување и подобрување на состојбите. Напредокот е евидентен, но тоа секако не е доволно, а наталожените проблеми полека но сигурно се надминуваат.

Во таа насока, стојам и ќе инсистирам дека во текот на работното време ќе барам само професионалност и одговорност во работењето.

Јас ќе ги преземам сите мерки кои се од интерес на граѓаните и она за што сме платени. Ние сме тука заради граѓаните, а не тие поради нас.

Оние кои не се во состојба да го издржат наметнатото темпо на работа, една од мерките на Владата е трансфер во приватниот сектор.

Знам дека е напорно, но наша обврска и одговорност е да бидеме доследни на ветувањата и одговорни пред општеството и заедницата.

А дека има напредок има, бидејќи тоа го покажаа последните резултати од најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации каде со 89,9% Општина Крива Паланка е на 3-то место по успешност и исполнителност на своите обврски и заложби и со скок од дури 27 позиции за разлика од минатата година“, посочи Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e