Дебата за сообраќајната култура и безбедност во сообраќајот во Крива Паланка

Претставници на општината, јавните и образовни институции и од полицијата денес во Крива Паланка дебатираа на тема:”Граѓанско учество во позитивни сообраќајни практики и култура на однесување”,дел од истоимената акција што ја организира здружението “Норгес Вел” со поддршка од НВО Инфоцентар.

-Ова е акција која ја реализираме под мотото “Пази не ме гази” со која укажуваме дека сите сме одговорни како учесници во сообраќајот, сите имаме исти права и обврски и сите учиме едни од други.Оттука и целокупната одговорност на секој учесник во сообраќајот за подигнување на свеста кај граѓаните за позитивни практики., изјави Даниела Анастасовска, координатор на проектот.

На настанот се обрати и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, а говореа и помошник-командирот за превенција и јавен ред и мир во Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, Стојмир Стефановски, како и претставници од советот на родители од основните училишта.

– Многу важно за подобрување на состојбите во сообраќајот,но и во свеста на луѓето е да се говори јавно,да се разговара за нештата и да се унапредуваат. Ние како служба во сервис на граѓаните го спроведуваме проектот “Полицијата и граѓаните заедно” чијашто цел е да се зближат граѓаните со полициските служби, да соработуваат и да се пријавуваат сите забележани непрописни однесувања,сите небезбедни ситуации, прекршоци и останато, изјави помошник-командирот за превенција и јавен ред и мир во Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, Стојмир Стефановски,  На дебатата беше посочено дека според статистиките човекот е причина во 90 отсто од сообраќајните незгоди со фатални последици.

Како дел од проектот “Норгес Вел” во сабота,23 ноември 2019, на пладне, во централното градско подрачје во Крива Паланка ќе се одржи теренска активност со дечиња и маскоти кои со пароли ќе им укажуваат на учесниците во сообраќајот за важноста на безбедноста на сите,со паролата”Полека со возењето, животот што ќе го спасиш можеби е твој”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e