Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?

Генералниот секретар на СДСМ и носител во изборната еднициа 3 Љупчо Николовски денеска беше меѓу жителите на општина Петровец каде, како што рече Николовски.  заеднички заклучиле дека за само две и пол години е постигнато многу и дека е многу важно да се продолжи по тој пат.

107687116_2754412328113622_6371527955248085596_n

-Да не се враќаме назад. За тоа и ќе одлучуваме на изборите на 15 јули. Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад! Одлучуваме дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите? Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија? Дали ќе создадеме услови нашите млади да останат дома, а да извезуваме македонски производи. – порача Николовски.

107696038_2754412288113626_2777976630460243962_n

Николовски рече дека во изминативе две и пол години и во Петровец е инвестирано во патната инфраструктура, рехабилитирана е дел од делницата Кадино – Хиподром, изградена е наплатната станица Петровец и вложено е во осветлување на автопатската делница Велес – Петровец во 2019 година.

-Во фаза на проектирање е делницата Хиподром–Петровец, како и патниот правец Миладиновци – Петровец долг 8 км. Во тендерска постапка е изградбата на 5,5 км патен правец Катланово–Петровец. Од грантот од Светска банка обезбедивме 593,972.00 евра за развој на локалната патна мрежа во Општина Петровец. – нагласи Николовски.

107701400_2754412394780282_2847687406171439478_n

-И во услови на здравствена криза обезбедивме поддршка и за компаниите и за граѓаните. Само овде во Општина Петровец со мерката за субвенции на плати од 14.500 и придонеси од 50 проценти, опфатени се 35 вработени од 6 компании, а поделени се платежни картички на 1043 лице. Се работи многу, се работи домаќински, се мисли на сите.

107923762_2754412338113621_4650666508255167573_n

Затоа на 15 јули, сите треба да излеземе на гласање. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години. Ова се сериозни одлуки, одлуки од кои зависи нашата иднина. Секој што на 15 јули ќе остане дома, дава свој придонес во враќањето на Груевски на власт. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се опасност за државата. – потенцираше Николовски од скопски Петровец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e