Чувар пронајден удавен во базен на фабриката во која работел во Прилеп

На 21.09.2020 во 17.49 часот во СВР Битола било пријавено дека во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од с.Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот. Од противпожарна екипа од Прилеп телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e