Чулев во посета на СВР-Штип

Организирање мирни, фер, демократски и безбедни избори, беше во фокусот на разговорите на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев со раководството на СВР-Штип.

– Колегите од СВР Штип ме информираа дека е направен план за постапување на полициските службеници на подрачјето на СВР Штип што во текот на вчерашниот ден е доставен до главниот Републички оперативен штаб и понатаму Републичкиот оперативен штаб ќе ги процесуира сите овие активности и побарувања на СВР Штип. Истовремено ме информираа дека побарувањето се во насока на возила и во насока на зголемен број припадници од страна на Одделот за специјални полициски операции, односно припадници на ЕБР на подрачјето на територија на СВР Штип, изјави Чулев.

Посочи дека во СВР Штип разговарале и за критични точки каде што се можни изборни нерегуларности. Прашан кои се тие критични точки, Чулев со одговор дека тоа се делови каде што живеат, социјално ранливи категории.

– Критични точки генерално ме информираа се во Штип и во Кочани каде што живеат социјално ранливи категории, претежно тоа се населбите каде што е сконцентрирана ромската популација, вели министерот Чулев.

На подрачјето на СВР Штип засега нема пријава, за изборни нерегуларности, меѓутоа, како,што рече Чулев, засилени се оперативните активности на терен и се работи со сите сили со цел идентификување на евентуални лица коишто ќе бидат вклучени во изборни нерегуларности.

Прашан дали е информиран за протест во Делчево поради неовластено следење на пратеник, Чулев вели дека нема таква информација и досега не е пријавен таков случај во МВР од Делчево.

-Меѓутоа, имавме пријави од други припадници на ВМРО-ДПМНЕ, на опозициската партија каде што пријавија случај на следење. Доставено е до службите и се работи на случаевите, рече Чулев.

Што се однесува за случајот со палење возила низ Штип и штипскиот регион, Чулев потенцира дека за разлика од пред неколку месеци, сега има значително намалување на бројот на опожарени возила што се бројат во неколку случаи.

– Како што ме информираа колегите од СВР Штип се работи за препукување, односно за изразување нетрпеливост помеѓу две криминални групи и за нивни нерасчистени работи при што едната криминална група презема мерки на одмазда кон другата и обратно. Значи се работи оперативно на терен, не би сакал да изнесувам дополнителни информации за да не би наштетил на истрагата, рече Чулев.

Раководството од СВР Штип доставило информација и за актуелните состојби поврзани со криминалитетот на територијата на подрачјето на СВР Штип, во која меѓу другото е наведено дека има подобрување во сузбивање на сите форми од областа на класичниот криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e