Четворица повредени во судир на автобус и три автомобили во Сопиште

На 23.10.2020 во 18,20 часот било пријавено дека во Сопиште-скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил “фиат пунто“, управуван од Д.А.(36) од Скопје, автомобил “матиз“ управуван од И.Б.(47) од Скопје, автомобил “цитроен“ управуван од Н.Ѓ.(70) од Скопје и автобус “лаз“ управуван од Г.К.(40) од Скопје.

Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e