БМВ излета од патот – Четири лица повредени во тешка несреќа во Струмица

Четири лица се повредени во тешка несреќа кога БМВ излета од пат кај „Габровски водопади“.

МВР информира дека во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека кај крстосницата „Габровски водопади“ во близина на селото Габрово, струмичко, 38-годишниот В.М. од селото Моноспитово, струмичко, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Д.(33) од Моноспитово, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде починал. Со телесни повреди се здобил возачот и уште двајца сопатници, М.Г.(36) и С.С.(35), двајцата од Моноспитово, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e