Битолчанец тешко повреден откако со „ауди“ излетал од пат

Вчера во 13:55 часот било пријавено дека во Битола, на регионалниот пат Новаци-Добрушево, кај село Горно Агларци, патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(54) од с.Новаци, излетало од коловозот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e