Бегалец од затвор приведен за доиздржување на казната

Осуден скопјанец по кого била распишана потерница за бегство од затвор, денеска претпладне бил проведен за доиздржување на казната.

Како што соопшти МВР, во 10:35 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници од Отсек за потраги при ЕВР Кисела Вода и Интервентна полиција Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле Е.П.(27) од Скопје за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

За него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e