77-годишен скопјанец со „порше“ удрил во пешак и избегал

На 22.01.2021 во 13.50 чaсот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(77) од Скопје, удрило во пешакот Б.Х.(70) од Скопје и го напуштило местото.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e