55-годишен Белгиец уапсен на Деве Баир

На 17.10.2020 во 10.55 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, за излез од Република Северна Македонија, при пасошка контрола кај В.Б.J.M.(55) од Белгија, било  констатирано дека тој на увид доставил туѓа белгиска лична карта на име J.Л.Ц., издадена во Белгија.

Идентитетот бил утврден врз основа на возачка дозвола издадена во Белгија. Поради сторен прекршок по чл.10 ст.3 од Закон за странци, казниво по чл.217 ст.8 од Закон за странци, тој бил приведен во Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Деве Баир, а потоа предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e