41-годишен маж од Кучевиште допирал малолетнички

Во текот на вчерашниот ден во полиција било пријавено дека во селото Кучевиште две малолетнички биле допирани по телото од страна на истиот маж.

Вчера вечер околу 19 часот и 10 минути во Полициското одделение Мирковци, 35-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 11 часот и 45 минути во селото Кучевиште нејзината малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П. од село Кучевиште.

Истиот ден околу 20 часот и 10 минути, 41-годишен маж од скопско село пријавил дека околу 11.15 часот во село Кучевиште неговата малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e