28 лица повредени во пожар за време на свадба во Скопје

Вчерашниот пожар во хотелот „Буши“ во старата скопска чаршија за малку ќе се претвореше во трагедија според билансот на повредени лица и оние кои побарале лекарска интервенција на самото место. На 19 лица им била укажана помош во комплексот, шест биле примени на Токсикологија, тројца завршиле во ГОБ „8 септември“.

Пожарот, според противпожарната бригада на Град Скопје, избувнал во кујната на ресторанот и благодарение на брзата интервенција на нејзините припадници било спречено да се прошири и на објектите околу комплексот.
Пожарот се случил додека во хотелот имало свадба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e