Митовски на средба со Милевски: Плодна соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Министерството за локална самоуправа

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска оствари работна средба со министерот за локална самоупарава, Горан Милевски.
-Децентрализацијата, но и значењето и придобивките за граѓаните кои произлегуваат како резултат на плодната соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Министерството за локална самоуправа беа во фокусот на денешната работна средба со министерот за локална самоупарава, Горан Милевски, порача Митовски.
-Општина Крива Паланка и Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе ја продолжат својата успешна соработа, а можностите за имплементирање на нови проекти за доброто на граѓаните продолжува со заеднички сили и взаемна поддршка, рече првиот човек на општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e