25-годишнa девојка загина во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

Дваесет и петгодишна девојка загина, а уште три лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје.

Според МВР, сообраќајката се случила синоќа во 23.30 часот, кај с.Агино Село, кога патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (25) од с.Агино Село, излетало од патот.

По незгодата, возачот и сопатниците биле пренесени Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде кај С.Т. била констатирана смрт, а кај сопатниците Ж.Ѓ. Ф.Д. и Б.А., биле констатирани телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Кумановo.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e