Со 24 милиони денари инфраструктурно се уредува Индустриската зона „Новине“ во Куманово

СДСМ во континиутет вложува во развој и унапредување на патната и комуналната инфраструктура низ целата држава.  Овде, во индустриската зона „Новине” кај Куманово во тек е инфраструктурно уредување со што веќе се поставени илјада метри атмосферска канализација а следува и асфалтирање на површина од 2.210 квадратни метри. За овој зафат обезбедени се 24 милиони денари од Буџетот на Република Северна Македонија, порача денеска Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.

Индустриската зона „Новине” зафаќа површина од 65 хектари и се наоѓа на атрактивна локација, има 51 градежна парцела со различна големина и е уредена за лесна и незагадувачка индустрија.Атрактивноста на оваа локација ќе придонесе за отворање на нови погони на домашни и странски инвеститори што ќе отвори можност за економски раст и развој на Куманово, но и на целиот Североисточен регион.

Како одговорна партија, и на централно и на локално ниво, продолжуваме да работиме единствено во интерес на граѓаните. Инвестираме во проекти што носат напредок, економски раст и развој. – вели Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e