23. мај ќе биде неработен за кривопалачани

На денешната 10-та седница на Советот на Општина Крива Паланка, беа донесени неколку значајни Одлуки усвоени од страна на Советот на Општина Крива Паланка:
1. Беше донесена одлука за изменување и дополнување на Програмата за подигање и одржување на урбано зеленило во Крива Паланка за 2022 година, односно донесена е одлука за засадување дрвореди од влезот на градот до влезот на стара чаршија.

2. Донесена е одлука, 23 Мај, Денот на Св.Јоаким Крчовски да се прогласи за празник на градот, и неработен ден, а основното училиште се преименувано во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“.

3. Одлука за збратимување помеѓу општина Крива Паланка и Град Лесковац, Р.Србија и Грос Цимерн, Германија

4. Одлука за изработка на физибилити студија за Јавно приватно партнерство за зонско паркирање и поставување монтажна гаража за решавање на сообраќајниот метеж

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e