20-годишно момче вчера било пронајдено починато во Охридското Езеро, соопшти струшката полиција.
Полицијата утврдила дека се работи за 20-годишно момче од струшкото село Октиси.
„Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство, а од преземените мерки, утврдено е дека се работи за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот“, велат од СВР Охрид.
