17-годишник со „бмв“ излета од пат, шестмина повредени

Шест лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчеравечер околу 1:15 часот. Како што било пријавено во полиција, на автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозниот кај с.Ржаничино, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.Н., а управувано од неговиот 17-годишен син од с.Огњанци, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците З.Ж.(19), М.Д.(19) и уште тројца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e