Федерер подобар од Надал во финалето на Австралија Опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја освои титулата на Австралија опен. Тој во финалето го победи големиот ривал Рафаел Надал со 3:2 во сетови 6:4, 3:6, 6:1, 3:6, 6:3
Федерер до петтиот триумф во Мелбурн и 18-ти гренд слем дојде по три часа и 40 минути. Со тоа тој стана првиот играч кој трите големи турнири ги има освоено по пет или повеќе пати. Успехот на Швајцарецот добива дополнителна важност со оглед дека на претходните шест месеци не играше поради повреди.
Тој му се одмазди на Надал за поразот во 2009 година, кога Шпанецот ја освои единствената титула во Мелбурн (7:5, 3:6, 7:6, 3:6, 6:2). Федерер, до многу посакуваниот трофеј дојде преку пресврт и по многу драма во петтиот сет.

Ова беше 35-ти меѓусебен дуел на двата големи ривали и 12-та победа на Федерер. Федерер на вечната листа има четири големи трофеи над Надал и Сампрас и шест повеќе од Новак Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e