Зошто ви е потребна попладневната дремка?

Дневната дремка од само неколку минути дневно ќе ви помогне да ги „наполните батериите“ и да продолжите свежи низ денот.

Одморањето на телото и умот е клучно и за нашиот изглед и доброто чувство. Од време на време – стилот на животот и акумулираниот стрес кој физички делува на нас, ви испраќа сигнали малку да забавите и да одморите за момент.

За жал некој има време за дремка, а некој не, но во оние денови кога ќе ви се укаже прилика, искористете го тој момент за полнење со енергија, а за тоа ви се потребни само 20 минути до половина час.

Умот и телото ќе ви бидат благодарни и ќе бидете помотивирани за продолжување со вообичаената днавна рутина. Без оглед што не може да се спореди со 8-часовното спиење во кое телото целосно се регенерира, дремката е одличен начин да се исклучиме и одмориме.

Единствено треба да внимавате попладневната дремка да не биде премногу долга, бидејќи тоа може да ви го поремети ноќниот сон. Без грижи никој нема да ви замери за попладневната дремка, а вашето тело ќе ви биде повеќе од благодарно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e