Зошто омикрон не развива тежок облик на болест?

Клучен дел од имуниот систем е многу ефикасен кога станува збор за препознавање и напад на омикрон варијантата на коронавирусот, со што се спречуваат инфекциите да се развијат во тежок облик на COVID-19, покажа нова студија.

Бројните мутации на омикрон му помагаат да ги избегне антителата, првата линија на одбрана на организмот при инфекции.

Во експеримент спроведен во епрувети истражувачи од Јужна Африка изложиле Т-клетки копии од вирусот на волонтери кои примиле вакцини, како и на невакцинирани по што развиле сопствени Т-клетки по инфекција на претходната варијанта на коронанвирусот.

„И покрај бројните мутации на омикрон и намалената чувствителност на неутрализирачките антитела, повеќето одговори на Т-клетките предизвикани од вакцинација или природна инфекција, вкрстено ја препознале варијантата“, објавија истражувачите.

Студијата, објавена во medRhiv треба да мине низ уште една стручна рецензија.

„Добро сочуваниот имунитет на Т-клетките на омикрон веројатно ќе допринесе за заштита од тежок облик на COVID-19, што ги потврдува и првичните претпоставки на јужноафриканските доктори дека повеќето пациенти заразени со омикрон не развиваат тежок облик на болеста, сметаат научниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e