Зошто не треба да сушите алишта на радијатор?

Ако спаѓате во онаа група луѓе што ги сушат алиштата на радијатори за да се исушат побрзо, престанете веднаш бидејќи сериозно го загрозувате своето здравје.

Во просториите во кои се сушат алишта перени со прашок и омекнувач, измерена е вознемирувачки висока концентрација на хемикалии опасни по здравјето што може да доведат и до појава на рак, покажа едно најново истражување.

Откриени се повеќе од 25 хемикалии меѓу кои седум опасни загадувачи на воздухот од кои два се класифицирани како канцерогени – ацеталдехид и бензен.

Ова не е прво истражување што предупредува колку е штетно да се сушат алишта во просторија во која го поминуваме поголемиот дел од времето. Претходни истражувања покажале дека сушењето алишта во домот е причина за главоболки и проблеми со дишењето.

Исто така, сушењето алишта во станот го големува нивото на влага за 30% и повлекува зголемен ризик од алергии и астма на кои најмногу се изложени најмладите. Со тек на време тој загаден водух се суши и станува опасен за дишните патишта.

Слузокожата станува толку сува што привлекува разни алергени и предизвикувачи на инфекции. Симптомите на инфекции на дишните органи се различни – кашлање, хроничен умор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболки и мачнина. Сушењето на алишта на радијаторите покрај тоа што влијае на квалитетот на воздухот, исто така го попречува протокот на топол воздух во домот, односно ја намалува ефикасноста на радијаторите, поради што го појачуваме греењето и се изложуваме на поголем трошок.

Исто така, облеката од деликатни материјали ставена мокра на радијатор се оштетува бидејќи од температурната разлика пукаат текстилните влакна.

Ако немате друга опција за сушење на алиштата, барем сушете ги во просторија во која не го поминувате поголемиот дел од денот или ноќта и проветрете ја по сушењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e