Зошто не треба да пиеме пиво од лименка или шише

Доколку сте љубител на пиво, сигурно сте забележале дека вкусот е различен ако го пиете од чаша, шише или конзерва.

Исто така, постојат тврдења дека пакувањето од кое пиете пиво влијае на тоа како ќе ви биде во стомакот од овој сакан пијалок.

Главните состојки на пивото се вода, алкохол (етил алкохол), јаглерод диоксид и екстракт (јаглехидрати, азотни материи вклучувајќи протеини, горчливи материи од хмељ, танични материи, обоени материи, органски киселини).

Нутриционистите објаснуваат дека јаглерод диоксидот од пивото, иако делува ефикасно на варењето, го зголемува волуменот на внесените хранливи материи во цревата, па на тој начин предизвикува чувство на надуеност, кое може да биде многу непријатно додека не се испразни самото црево. Поради оваа причина често го слушаме, во шеговит контекст, името „пивски стомак“.

За да се намали дејството на јаглеродниот диоксид, се препорачува пивото да се претура во чаша на таков начин што ќе овозможи одвојување на пената над течноста, од која полесно ќе се испушта јаглеродниот диоксид, со што ќе се намали надуеност на цревата при консумирање пиво.

Пиво со пена или без неа, иако е прашање на вкус, сепак многумина советуваат дека е подобро да се пие пиво со пена бидејќи ја намалува надуеноста на стомакот.

Доколку преферирате пиво без пена, поголема е веројатноста дека ќе ви биде потешко во стомакот, бидејќи на тој начин гасот се задржува во пивото, што подоцна ја прави надуеноста многу непријатна.

Инаку, познато е дека пивото е добар извор на витамини од групата Б. Меѓу нив, во значителни количини се наоѓаат тиамин, рибофлавин и никотински киселини. Најбогат извор на тиамин (витамин Б1) е квасецот, кој се додава во слад за време на технологијата на производство. Исто така, пивото содржи биолошки вредни материи кои се одговорни за доброто функционирање на органите за варење – јаглерод диоксид и горчливи материи.

Освен освежителните својства, јаглерод диоксидот поволно делува на работата на органите за варење, а горчливите материи од хмељот го поттикнуваат лачењето на жолчката и го подобруваат процесот на варење на храната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e