Зошто не треба да го држите телефонот вo рака кога трчате?

Опсесијата со телефоните се прошири и на трчањето. Телефонот е совршена придружба за џогирање надвор – ви обезбедува музика за да ви го одвлече вниманието и ви помага да ја следите вашата рута. Но, експертите предупредуваат дека не е добра идеја да го држите телефонот во рака додека трчате, бидејќи тоа може да предизвика појава на повреди на колкот и рамото.

Навиката може да создава суптилни нерамнотежи низ телото, што пак може да доведе до затегнување на мускулите на колкот, нозете и рамото. Истото важи и за шишиња со вода, или било што друго што може да го носите во едната рака додека трчате.

Професионалниот тренер на Велика Британија за атлетика, Алекса Дакворт-Бригс, ги повикува луѓето кои трчаат да ги носат ги телефоните на еластичен појас со џебови.

„Кога држите нешто в рака, предметот има суптилни ефекти врз вашето одење. Создава мускулна нерамнотежа, влијае на распределбата на тежината низ вашето тело и ве прави воопшто помалку ефикасен тркач“, вели таа.

„Ова може да се случува секој пат кога тренирате, недела по недела, месец по месец“, забележува експертот. „И сето ова значи дека сте поподложни на притисоци, особено во нозете, колковите и преку рамената“.

Со оглед на тоа дека мобилните телефони стануваат поголеми и потешки, најверојатно ќе има повеќе повреди.

„Луѓето имаат тенденција секогаш да го држат телефонот во иста рака. Тоа е навика“, вели Алекса. „Прашањето овде е во повторувањето на движењето, рацете ви се мавтаат илјадници пати за време на трчање од 30 минути.

„Со тоа што едната рака е потешка, го менувате моментумот на вашите екстремитети. И телото ќе се обиде да ја компензира нерамнотежата ангажирајќи одредени мускули посилно од другите. Таму ќе се појават повреди од истегнување.“

Според експертот, најверојатно ќе забележите проблеми што се манифестираат на спротивната страна на телото од страната на која го држите телефонот. Поради оваа причина, Алекса смета дека појасот на половина е подобра опција од лента на рака или држење на телефонот в рака за време на трчањето.

Другиот ризик од џогирањето со телефон во рака, се разбира, е да го изложите на оштетување доколку ви падне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e