Зошто месото не треба да се одмрзнува на собна температура?

Повеќето луѓе кога го вадат месото од замрзнувач, го ставаат на кујнскиот пулт за побрзо да се одмрзне, без да размислат дали тоа е добро.

Според „Cleaneatingmag“, месото не треба да се остава на собна температура повеќе од два-три часа. На пример, кога месото ќе се остави еден ден на кујнската површината, може да достигне температура од повеќе од четири степени, што предизвикува огромен раст на бактерии.

Покрај тоа, и опцијата за одмрзнување со топла вода не е добра. Површинскиот слој на месото се одмрзнува побрзо и влегува во процесот на варење под млаз топла вода. Затоа студената вода е подобар начин за одмрзнување.

Уште подобар начин е да го оставите месото во фрижидер да се одмрзне, доколку не ви се брза. Треба да отстои околу 24 часа во фрижидер, по што е добро за подготовка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e