Знаци на автоимуни болести кои веројатно ги игнорирате

Автоимуна болест е состојба во која вашиот имунолошки систем го напаѓа вашето тело. Со оглед на тоа што автоимуните болести влијаат на различни делови од телото и симптомите не се секогаш исти ниту со еднаков интензитет, на лекарите многу често им треба подолго време за да дијагностицираат за која автоимуна болест станува збор.

Иако истражувачите не ја знаат точната причина за автоимуните болести, генетиката, исхраната, инфекциите и изложеноста на хемикалии може да се поврзани со нив, пишува Healthline.

Автоимуните болести може тешко да се дијагностицираат
„Симптомите на автоимуните болести можат да бидат многу неспецифични и може да се појават поради многу причини, од кои не сите укажуваат на болест.

„Понекогаш симптомите на автоимуна болест може да бидат нејасни“, вели д-р Суман Радакришна, директорка на медицинскиот центар „Дигнити хелт“ во Калифорнија, објаснува за „Eatthis“ дека овие болести, освен на физичкото, можат да влијаат и на менталното здравје. Тие, исто така, го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, бубрежни болести, белодробни болести и рак.

Кој е во опасност од автоимуни болести?
Доктор Радакришна објаснува: „Некои од факторите на ризик за автоимуни болести вклучуваат женски пол (80 отсто кај жените), генетика (други членови на семејството кои имаат поголема веројатност да имаат автоимуни болести), претходна дијагноза на автоимуни болести (лупус, ревматоиден артритис), одредени инфекции (Епштајн Бар вирус, ковид, инфекција со стрептокока од групата А), дебелина, пушење и изложеност на токсини, лекови (одредени лекови за крвен притисок, лекови за холестерол, антидепресиви итн.)

Како автоимуната болест може да влијае на секојдневниот живот
„Да, автоимуната болест може да влијае и на квалитетот на здравјето, како и на целокупното здравје. Болка, замор, губење на апетитот, гадење и повраќање, како и треска може да предизвикаат личноста да се чувствува исцрпена и неспособна да работи и да ги извршува секојдневните активности“, вели д-р Радакришна и додава дека може да предизвика оштетување на органите како што се бубрезите, мозокот и зглобовите.

Симптоми на автоимуни болести
Замор
Овој симптом е многу тешко да се квалификува и постојат многу причини за замор коишто не може да се припишат на автоимуните болести. Недостатокот на сон, стресот – ги доживуваме физички и психички и обично состојбата се подобрува откако ќе се отстрани стресот и ќе се поправи дефицитот на спиење. Меѓутоа, ако заморот продолжи, најдобро е за тоа да разговарате со вашиот матичен лекар, објаснува таа.

Болка во зглобовите и оток
„Болките во зглобовите и отокот, кои често се чувствуваат во рацете и големите зглобови, може да укажуваат на автоимуна болест“, објаснува д-р Радакришна. Како чести тешкотии ја наведува и вкочанетоста која се појавува наутро и се подобрува во текот на денот, а како необични тешкотии го наведува држењето четката за заби и чешлањето на косата.

Осип
Осипот на кожата може да се ограничи на области изложени на сонце или може да биде насекаде низ телото. Може да биде налик на псоријаза, периодично или константно. Ако забележите осип што се повторува или трае, разговарајте за тоа со вашиот лекар.

Гастроинтестинални заболувања
Болките во стомакот и дигестивните проблеми, вклучувајќи ги дијарејата и запекот, гадење, повраќањето и губењето на апетитот може да бидат многу чести поради воспаление на гастроинтестиналниот тракт. Последица може да бидат и промените во телесната тежина.

Треска и отечени жлезди
Повремена треска и отечени жлезди се неспецифични симптоми, вели д-р Радакришна ве советува да се јавите кај лекар ако се повторуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e