Знаци кои покажуваат дека се соочувате со голем стрес

Освен ако не сте најведрата и лабава личност, големи се шансите да сте под стрес барем во некои делови од денот или неделата.

Стресот има лоша репутација, но некогаш има моќ да нè натера конечно да завршиме нешто, а во одредени ситуации може и да ни го спаси животот. Сепак, постојаното живеење во стрес има големи негативни последици врз нашето здравје, а во тоа големо влијание има кортизолот, кој е познат како хормон на стресот.

Кортизолот е хормон кој ги покачува крвниот притисок и пулсот, а кога долго време е дел од нашиот живот може да предизвика сериозно нарушување на нашето здравје. Тој негативно влијае на нашиот имунолошки систем, расположение и енергија во текот на денот, ја намалува чувствителноста на инсулин и може да предизвика депресија и анксиозност, па и предвремено стареење.

Ова се неколку знаци по кои можете да забележите дека нивоата на стрес во вашето тело се високи и дека тоа е знак дека треба да преземете ништо

Чувство на замор, но неможност да одморите

Доколку чувствувате дека сте преморени, а не можете да заспиете или да се опуштите дури ни со физичка активност или лежење, тоа значи дека нивото на кортизол во вашето тело е високо. Според многу доктори, нивоата на кортизол се највисоки околу полноќ, па тоа е период кога највеќе ќе го чувствувате тоа. Како резултат на тоа, се будите ненаспани, преморени што понатаму дополнително го зголемува кортизолот. Најдобриот лек за ова е намалување на обврските и подолго време за одмор, но и балансирана исхрана.

Неможност да се фокусирате

Доколку се соочувате со неможност да се фокусирате или концентрирате дури и за наједноставни задачи, тоа значи дека вашето ниво на кортизол е високо. Тоа е бидејќи кортизолот го погодува префронталниот кортекс, односно делот од вашиот мозок кој е одговорен за когнитивните функции како донесување одлуки и концентрација.

Чувство како постојано да ќе избувнете

Го знаете она чувство како постојано да мислите дека ќе избувнете поради нешто, но не знаете точно зошто? Тоа е поради високиот кортизол. Високите нивоа на кортизол се сигнал дека вашето тело е во состојба на борба.

Опаѓање на косата

Доколку се соочувате со пад на косата, тоа можеби е индикатор дека нивоата на кортизол во вашето тело се високи. Тоа е поради тоа што кортизолот го зголемува лачењето на себум, а претераното лачење на себум влијае на опаѓањето на косата.

Висок крвен притисок

Уште еден знак за високото ниво на кортизол е и високиот крвен притисок. Тогаш се забрзува крвотокот, расте пулсот и се зголемува крвниот притисок. Ова е причина зошто хроничните нивоа на стрес водат кон многу срцеви заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e