Здравствени придобивки видливи по престанувањето консумирање алкохол

Неподнослива главоболка и отечено лице се само дел од последиците на пиење алкохол, доволни засекогаш да сакате да се откажете од алкохолот.

Не влијае само на изгледот, алкохолот делува и на менталното здравје, на очите, на тежината и на мотивацијата на луѓето. Според СЗО, бројот на глобални алкохоличари се намали за скоро 5% од 2000 година.

Ова се дел од главните здравствени предности видливи по престанувањето консумирање алкохол, пишува Daily Star.

Здравјето на очите

По 90 дена без алкохол очите ќе се разбистрат. Колку повеќе се воздржете од алкохол, ќе забележите дека и очите ви стануваат посветли и побели. Вашето тело ќе се обнови и ќе се разбистрат и очите.

Црниот дроб ќе се обнови

Алкохолот може да биде штетен за црниот дроб. Ослабената функција има штетен ефект на целото тело. Црниот дроб е единствениот орган што може да се обнови и регенерира. Кога ќе престанете да пиете алкохол две недели, црниот дроб ќе се врати во нормала. По 90 дена откажување од алкохол, црниот дроб ќе биде во значително подобра здравствена состојба. Тоа значи дека ризикот за развој од цироза или хепатитис е значително намален.

Подобар сон

Спиењето се подобрува само неколку недели по престанување на пиење алкохол. Истражувањата покажуваат дека ова оваа корист драстично се подобрува како што минува времето без консумација на алкохол.

Губење тежина

По 90 дена без алкохол, ако водите здрав начин на живот ќе забележите и промени во тежината. Кога целосно ќе го исфрлите и алкохолот, тоа значи намалување на калориите, како и подобрување на целокупното здравје и придобивки, што доведува до слабеење.

Освен што ќе имате повеќе енергија, ќе вежбате полесно и брзо ќе закрепнувате од вежбањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e