За што се може да ги искористите лушпите од компир?

Некој нема да најде бело влакно до 40 година, а кај некој се појавуваат и на 20 годишна возраст. Научниците велат дека ако немате на кој да го обвините за оваа појава дежурниот кривец се гените.

Младите и тоа како се избезубени од оваа појава па, затоа, често настојуваат веднаш да ја покријат со фарбање и често менување на бојата на косата. Но, честото изложување на хемикалии исто така е штетно за вашата коса па можеби вреди да се обидете со овој трик.

Старите често знаеле да користат лушпи од компир за релаксација на скалпот, растење на влакна и потемнување на белите влакна. Смесата од лушпи од компир со тек на време ја потемнува косата. За оваа смеса ви се потребни лушпи од околу 5 компири, неколку капки есенцијално масло, зовриена вода и чист сад.

Луппите од компири додадете ги во зовриена вода и гответе околу петнаесетина минути и тргнете ги од оган. Кога ќе се олади смесата, процедете ја водата и фрлете ги лушпите. Чувајте ја водата во чист сад и за најдобри резултати мијте ја косата два до три пати неделно.

Доколку сакате, додадете неколку капки есенцијално масло од лаванда или рузмарин во смесата за попријатен мирис. Смесата можете да ја чувате во фрижидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e