За брзо растење – Прелејте ја косата со овој чај

Доколку имате тенка и ретка коса, како и проблем со опаѓање, овој чај за нега на коса може да ви помогне. Станува збор за спреј за коса кој можете сами да го направите од само 3 растенија, а главна ѕвезда е копривата – растение кое со векови се користи за нега на коса.

Во тенџере истурете четири чаши дестилирана вода, ставете да се вари на средна температура. Кога ќе зоврие додадете две лажици каранфилче и две лажици суви коприви. Намалете ја топлината на минимум и оставете да се готви околу 20 минути.
Добиениот чај процедете го и додека е уште топол, истурете во него една лажица рузмарин, па оставете го да отстои преку ноќ. Повторно процедете и истурете во шише со спреј, а потоа добиениот спреј испрскајте ја на косата по миењето и добро втријте го во скалпот, пишува Mondo.rs.

Зошто овие 3 растенија? Каранфилчето ја стимулира циркулацијата на скалпот, го стимулира растот на косата и ја прави посилна. Копривата го намалува опаѓањето на косата, го стимулира растот на нови влакна. Оваа билка содржи силициум и сулфур кои ја прават косата посјајна и поздрава. Рузмаринот е растение кое особено се препорачува за луѓе со тенка и ретка коса, бидејќи го поттикнува и растот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e