Водич за безбедно капење: Не влегувајте во вода загреани и после јадење!

Морате да знаете дека при влегување во вода треба да бидете многу внимателни, затоа што некои ситуации можат да завршат со смрт.

Не влегувајте во вода после јадење

Една од најчестите грешки е влегувањето во вода после оброк. Правилно е по јадење да почекате најмалку еден час, а потоа да одите на капење.

Не влегувајте во вода загреани

Многумина после подолг престој на сонце, без разлика дали се сончаат или прават нешто друго, скокаат во вода, за да се освежат и оладат. Секогаш треба постепено да се влегува во вода, за да му се даде на телото можност да се прилагоди, без оглед колку е топло морето или некоја друга водена површина.

Не консумирајте алкохол пред или за време на капењето

Токму консумацијата на алкохол е една од главните фактор ризици за давење, како кај младите, така и кај возрасните, и дефинитивно треба да се избегнува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e