Внимавајте: Сексот во вода е лоша идеја

И покрај тоа што идејата за секс во вода е возбудлива, размислете двапати пред да го направите тоа.

Како што пренесува „Cosmopolitan“, водењето љубов во вода може да донесе последици и непријатности на какви што никогаш не сте помислиле, а во продолжение ви ги откриваме.

Недостаток на природен лубрикант
За жал, водата не е влажноста која ви е потребна за сексот да биде пријатен. Таа ќе го измие природниот лубрикант кој телото го произведува, со што сексот ќе биде прилично непријатен.

Опасност од бактерии
Секоја вода – море, езеро, река или базен, е полна со бактерии кои можат да создадат проблеми во половите органи, особено во вагината која е идеално место за развој на инфекции.

Штетноста на производите за капење и туширање
Ако сте се обиделе да имате секс во када или под туш, тоа не би требало да го правите додека имате шампон на вас. Ако некое средство, како гелот за туширање, влезе во вагината, нејзината флора ќе се „поремети“ и ќе се појави бактериска инфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e