Внимателно со клима уредот – Еве која е идеалната температура на ладење!

Клима уредите се нешто без кое не можеме на горештините, а особено ни се потребни сега кога ги живееме најтоплите денови од стартот на годината.

Клима уредот може да биде и отров и лек. Важно е да знаете кога и како да го користите овој апарат.

Разликата меѓу температурата во просторијата и надворешната температура не треба да биде поголема од 10 Целзиусови степени, а идеално е пет степени поладна просторија.

Но, ова правило не важи ако надвор е 40 степени, како деновиве. Тогаш температурата се поставува меѓу 21 и 26 степени. Под 21 степен веќе се екстремно ниски температури, кои не се добри за здравјето.

Кога се излегува на отворено, треба да се исклучи климата и да се почека 10 минути, па да се излезе надвор. Обратно, кога се влегува дома, да не се вклучува веднаш клима, туку да се почека 10 минути за телото да се стабилизира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e