(ВИДЕО РЕЦЕПТ) Вкусни корнишони – Кисели краставички во тегла без конзерванси

Краставиците измијте ги прво во вода, а потоа истријте ги со сунѓер за да ги отстраните сите нечистотии. Потоа измијте ги уште еднаш со додавање сода бикарбона (1-2 лажици), оставете ги во таа вода 5-10 минути и исплакнете ги.

Користете тегли од 720 милилитри една тегла собира околу 400 грама краставички. Поголемите прво редете ги по должина, па помалите, слободно туркајте ги што повеќе и слободно притискајте. За 7 килограми краставици ви требаат:

– 3 литри вода

– 1,5 литри оцет (алкохол 9%, можете да додадете и повеќе јаболков оцет)

– 120 гр. сол

– 200

– 220 гр. шеќер (некои луѓе сакаат послатки краставици, па слободно приспособете се според вашиот вкус.)

– половина китка листови од магдонос или целер

– 15 гр. млад кромид (разделете по малку во секоја тегла)

– бибер (колку што сакате)

– можете да додадете ловоров лист

Измешајте ја водата, оцетот, шеќерот и солта. Во секоја тегла ставете ги зачините врз краставиците, прелијте ги теглите со течноста, теглите цврсто затворете ги и наредете ги во тенџере во кое сте ставиле крпа на дното. Истурете вода малку под капакот и варете откога ќе зовријат десет минути. Извадете ги теглите и превртете ги наопаку, оставете ги да се изладат па свртете ги нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e