Видео рецепт: Погача за Бадник – мека и посна!

Православните Христијани за Бадник практикуваат да бидат дома со семејствата, на богата трпеза со посни јадења, и секако со леб или погача со паричка, за која се смета дека ќе му донесе година полна среќа на оној на кој ќе му се падне.

Во продолжение ви нудиме рецепт за погача:

СОСТОЈКИ: 700 гр брашно, 300 мл млака вода, 1 лажичка сол, 30 гр квасец, 1 дл масло, 1 лажиче шеќер.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Квасецот и шеќерот се ставаат да се соединат, па се додаваат малку брашно и млака вода. Се става нараснатиот квасец со брашното, водата, масло и сол, па се меси тесто. Нека нарасне, па поделете три топки. Секоја развлечете ја на работна маса, на првата ставете маргарин, па втората кора, па третата. Потоа завиткајте ги како полжав, па бидејќи сега е Бадник, ставете паричка. Се е прикажано во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e