Вакцините против коронавирус не влијаат на плодноста

Истражувањето на Универзитетот во Бостон покажа дека вакцините против коронавирус не влијаат на плодноста.

Резултатите од студијата беа објавени претходно оваа недела во American Journal of Epidemiology. Ова е уште еден научен доказ дека вакцинациите безбедно ги штитат бремените жени од коронавирус и го намалуваат ризикот за нивните деца.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) претходно ги повика сите оние кои планираат да имаат деца да се вакцинираат.

Истражувачите ги анкетирале жените помлади од 45 години кои се обиделе да забременат без вештачко оплодување и нивните партнери на секои осум месеци во текот на минатата година. Откриено е дека нема значајна поврзаност помеѓу вакцинацијата и можноста да се има потомство, во споредба со оние кои не биле вакцинирани и исто така учествувале во студијата.

Сепак, кај мажите кои биле позитивни на коронавирус, забележано е дека имаат краткорочно или минливо намалување на плодноста. Претходните истражувања исто така покажаа дека производството на сперма привремено се намалува откако лицето ќе стане позитивно на коронавирус. Ова може да се должи на неколкудневна висока телесна температура предизвикана од вирусот.

Научниците од Бостон планираат да го следат здравјето на паровите кои биле вклучени во истражувањето, со цел да утврдат дали има долгорочен ефект од вакцинацијата врз плодноста.

Утврдено е дека инфекцијата го зголемува и ризикот од мртвородено дете. Дополнително, студијата на американскиот национален институт за здравје (NIH), објавена во списанието Nature, покажа дека мајките кои биле заразени со коронавирус имаат воспаление што може да предизвика долготрајно заболување, пренесува CBS News.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e