Тврдење на пулмолог: Коронавирусот е најопасен по живот за овие групи на луѓе

Одредени придружни болести можат да бидат фатална комбинација кога станува збор за коронавирусот, па кај таквите пациенти таа може да биде најопасна и животозагрозувачка. Кои се најзагрозените групи на луѓе?

Лекарите објаснуваат дека лекувањето на заболените кои немаат тешка клиничка слика трае помеѓу две или три недели, додека пациентите на интензивна нега се задржуваат дури и подолго од пет или шест недели, и за нив коронавирусот е најопасен.

Пулмолозите велат дека болеста има побавен или подолг тек, за разлика од сезонскиот грип кој може да почне бурно, сè се завршува брзо и кој трае неколку дена, со коронавирусот ситуацијата е неизвесна и поинаква.

„Кај коронавирусот болеста може да се продолжи на две, три, па и четири недели. Веднаш стана јасно дека сите оние што веќе имаат некакво заболување, тешко ја поднесуваат таквата респираторна болест. Забележавме дека сите пациенти што имаат некаков коморбидитет, потешко ја поднесуваат болеста, повеќе компликации се развиваат, полоша е гасната размена и болеста трае подолго“, објаснуваат пулмолозите.

Па така, дали некој ќе заврши со најкритична клиничка слика и дали ќе стигне до респиратор или ќе помине без никакви компликации и симптоми на коронавирус, најчесто зависи од неговата општа здравствена состојба, а за овие пет категории на луѓе, коронавирусот е најопасен по живот…

Пациенти со срцеви заболувања и проблеми со висок крвен притисок
Американскиот кардиолошки факултет кон средината на март навел дека имало извештај за акутна срцева повреда, аритмија, хипертензија, тахикардија и високо учество на придружни кардиоваскуларни болести кај заразените лица, особено кај оние на кои им била потребна интензивна нега.

Истражувањето во кое учествувале 150 пациенти од Вухан, епицентарот на епидемијата, открило дека пациентите со кардиоваскуларните болести се изложени на значајно поголем ризик од смрт во случај на зараза. Тоа се случува бидејќи срцето и белите дробови се поврзани.

„Пробајте само да вдишете и издишете брзо – пулсот автоматски ќе ви се забрза. Но ако срцето ви е слабо или имате блокирани артерии, тогаш вашето тело вложува многу поголем напор за да циркулираат крвта и кислородот низ целото тело“, пренесува National Geographic.

„Пациентите со срцеви заболувања, кои веќе имале формирана компликација имаат значително ослабена сила на срцевиот мускул. Исто така, во оваа категорија се и пациенти со хронични болести и хронична инсуфициенција на органи, без разлика дали се работи за слабост на црниот дроб, на бубрезите, на срцето или на белите дробови – сите тие се изложени на ризик“, додаваат пулмолозите.

Дијабетичари
Дијабетичарите, особено оние што имаат нерегулиран дијабетес, почесто имаат инфективни состојби кои можат да се искомплицираат поради ослабен клеточен имунолошки одговор. Кога ќе се развија која било инфекција, па така и инфекција со ковид-19, може да дојде до појава на кетоацидоза, компликација кога телото останува без инсулин, па тогаш заболените можат да паднат во кома или да завршат фатално ако не се реагира на време. Од компликации се јавува и лактична ацидоза, која доведува до нарушување на метаболизмот и исто така е опасна.

Астматичари
Коронавирусот претставува опасност и за луѓето со хронични респираторни болести, како што се цистична фиброза, хронична опструктивна болест на белите дробови, астма или алергии, како и за луѓе со оштетување на белите дробови како последица на пушење. Дури и благите случаи на настинка или грип можат да ги влошат овие состојби, пренесува National Geographic.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e