Иако не постои начин целосно да се гарантира дека нема да почувствувате симптоми на мамурлук по консумирање алкохол, постојат начини да се намали неговото влијание.
Здравствените експерти споделија неколку совети за избегнување мамурлук за време на празниците, кои не вклучуваат само пиење повеќе вода. За време на празничната сезона, многумина од нас уживаат во поголеми количини алкохол од вообичаено.
Иако неколку чаши од вашиот омилен пијалок можат да бидат пријатен додаток на вкусната храна, претерувањето со него може да предизвика непријатност што ќе ви го расипе остатокот од одморот. Целосната апстиненција од алкохол е единствениот сигурен начин да се избегне мамурлак.
Меѓутоа, ако сметате дека тоа не е опција за вас, постојат трикови кои можат да ги ублажат ефектите од консумирањето алкохол.
Што предизвикува мамурлук?
Мамурлакот е вообичаен кај луѓето кои пијат премногу алкохол. Се смета дека околу 75% од луѓето кои пијат прекумерно доживуваат симптоми на мамурлак како што се главоболки, нарушен сон, гадење и лошо расположение.
Овие симптоми се резултат на различни фактори, како што се дехидрација, воспаление и електролитен дисбаланс предизвикан од алкохол. За да се ублажат овие ефекти, експертите од клиниката Мајо во САД го предлагаат следново:
Бирајте ги вашите пијалоци внимателно
Можеби не знаете, но одредени алкохолни пијалоци предизвикуваат потешки симптоми на мамурлак од другите. Особено, клиниката Мајо советува да се изберат пијалоци со пониски конгенери – соединенија кои се формираат при ферментација и дестилација на алкохол.
„Пијалаците со посветла боја, како што се вотка, џин, светло пиво и бело вино, имаат тенденција да предизвикуваат помалку сериозни симптоми на мамурлак“, велат експертите. „Темните пијалоци со високо ниво на конгенери, како што се бурбон, виски, текила, коњак, темно пиво и црвено вино, предизвикуваат потешки симптоми.
“Пијуцкајте” полека
Ако уживате во газирани алкохолни пијалоци како шампањ или просеко, треба да ги пиете полека. Клиниката Мајо предупредува: „Меурчињата од јаглерод диоксид можат да ја забрзаат апсорпцијата на алкохол во крвотокот и да се натпреваруваат со апсорпцијата на кислородот“.
Поставете темпото
Вашето тело може да обработи околу еден пијалок на час, затоа обидете се да се држите до тоа темпо. „На овој начин ќе помогнете нивото на алкохол во крвта да не дојде до точка на интоксикација“, објаснуваат експертите.
Дополнителни совети за избегнување на мамурлак
Експертите од клиниката Мајо препорачуваат уште неколку практични совети за намалување на симптомите на мамурлак:
-Пијте помалку алкохол на почетокот.
-Пијте вода во текот на вечерта.
-Јадете храна пред да почнете да пиете.
Препораки за консумирање алкохол
Иако не постои безбедно количество алкохол за консумирање, и на мажите и на жените им се советува да не пијат повеќе од 14 единици алкохол неделно на редовна основа. Оваа количина одговара на шест литри пиво со средна јачина или десет мали чаши вино со помал процент на алкохол.