Свадби, погреби, ноќни клубови се жаришта заради кои епидемиолозите имаат најмногу работа

Во пандемијата од Ковид- 19 епидемиолозите работат повеќе од порано и веројатно повеќе отколку останатите. На пример, секојдневно мораат да одговорат на илјадници телефонски повици, да спроведат илјада тестирања, да истражат илјада контакти, да откријат кој со кого и каде пиел кафе, кој бил на чија свадба, да се процени ризикот, да се одредат мерки…

Заради сето ова тие се многу уморни бидејќи за тој обем на работа треба да се бар десет пати повеќе од тоа што се сега.

Интензитетот на работа е се посилен, а крајот не се гледа. Но епидемиолозите не се занимаваат само со коронавирусот, туку и со друга работа. Примаат пациенти, одат на терен. Затоа тие кои ги повикуваат се замолуваат за трпение, бидејќи не може да се постигне се.

Како велат тие, заморот не е категорија која треба да се стави во прв план. Луѓето тешко сфаќаат дека летно време нема да можат 14 дена да одат на работа, или на одмор. Епидемиолозите пет месеци немаат никаков приватен живот.

Свадби, погреби, ноќни клубови се жаришта заради кои епидемиолозите имаат најмногу работа. Во просек, на едно заразено лице одат 20 од оние со кои лицето било во контакт. Што подолго епидемиолозите ги бараат, заразата ќе трае подолго. Проблемот го прават и оние кои ги кријат контактите, па многу често работата на епидемиолозите се споредува со детективска работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e