Страдате од мигрена? Јадете повеќе од овие намирници

За мигрената може слободно да се каже дека е лош и непосакуван гостин, кој едвај чекате да го избркате, но тој упорно седи и нема намера да си оди.

Оние кои страдаат од хронична мигрена точно знаат дека чувството на болка е едно од најужасните, а уште полошо е што може да трае со часови, без интензитетот воопшто да се намали. Во случаите на ваква болка најдобро е да земете лек кој ќе ја олесни моментално, но за жал, лек за долгорочен план не постои.

Сепак, многу лекари и нутриционисти тврдат дека со промени во исхраната и животниот стил, мигрената ќе се појавува доста поретко, а многу пациенти забележале и помал интензитет на болка.

Се работи за следниве осум намирници:

Авокадо

Активните состојки на авокадото помагаат во справување со мигренозните болки. Ова е уште една причина зошто да го вклучите во секојдневната исхрана. Богато е со антиоксиданти кои не само што ги смируваат болките, туку и ги прават поретки и поподносливи.

Смокви

Според експертите, ова вкусно овошје содржи големи количини калиум, што помага да се олесни болката.

Лосос

Полн е со омега-3 масни киселини и витамини од групата Б. Лососот спречува згрутчување на тромбоцитите, процес кој често е одговорен за главоболки кои се појавуваат во кратки временски интервали.

Слатки компири

Слатките компири, познати уште како и батат, не само што се вкусни, помагаат во борбата против мигрена. Богат е со витамин Ц, витамин Б1 и калиум и редовното консумирање ќе ви помогне во справувањето со мигренозните главоболки.

Диња

Сигурно веќе знаете дека внесот на течности ги смирува симптомите на мигрена. Јадењето храна богата со вода, како што се дињата, лубеницата, краставиците и целерот, му помагаат на организмот да се справи со дехидрираноста, која е најчест причинител на мигренозна болка.

Киноа

Се работи за популарна житарка која не содржи глутен. Покрај сите други здравствени придобивки, киноата содржи рибофлавин, магнезиум и железо, што ја прави одличен сојузник во борбата против интензивна и мачна главоболка.

Јогурт

Според студиите, витамините од групата Б се најефикасни против мигрена, а јогуртот е доста богат со нив. Додадете јогурт во вашата дневна исхрана и ќе се чувствувате подобро за многу краток временски период.

Сок од лимон

Богат е со витамин Ц, а покрај тоа, сокот од лимон е познат и по неговите здравствени придобивки за организмот. Доволно е само да измешате еден исцеден лимон во вода која е на собна температура и веднаш да почувствувате олеснување на болката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e