Стевија: Што е тоа и како се добива?

Стевијата доби на популарност во последните неколку години, како една од алтернативите за белиот шеќер, кој засладува подеднакво добро како него.

Засладувачот се добива од растение, преку негова обработка, а чајот од него се смета дека ја намалува желбата за цигари. Ова значи дека стевијата има двојно позитивно дејство.

Стевијата доби комерцијална популарност како поздрава алтернатива за шеќерот. Исто така, доволно е сосема малку од правот добиен од стевија, за да постигнеме благ вкус еквивалентен на две мали лажички шеќер.

Потекнува од Парагвај и освен својството да засладува има и позитивни влијанија врз здравјето. Можете да ја засадите во саксија, за да ја имате преку целата година.

Стевијата ги блокира сигналите кои сигнализираат потреба за цигара или за алкохол. Освен тоа, се препорачува и во диетални режими на исхрана, особено кај дијабетичарите. Можете да додадете стевија во прав во вашата маска за лице или во смесата за пилинг и да ја користите како помош при обнова на кожата.

Доколку одлучите да ја одгледувате дома, потребно ѝ е сончево катче. Преку зима не цвета, но секогаш има зелени листови. Цветовите се појавуваат во есен. Користете суво ѓубриво и полевајте умерено, за да не се исуши коренот.

Можете да наберете листови, да ги оставите да се исушат и да ги иситните во прав, што ќе го користите како природен засладувач. Доколку не сте расположени да ја одгледувате дома, секогаш можете да ја купите од продавница, во одделите за продукти за здрава исхрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e