Младиот кромид е богат со витамини и минерали и е многу хранлив. Овој пролетен зеленчук има благотворно дејство на организмот и телото однадвор.
Со оглед на тоа што е богат со витамини Ц и К, ги зајакнува и штити коските и помага при разни заболувања. Благодарение на неговите антиинфламаторни својства, помага во борбата против габите, стресот и заморот.
Покрај тоа, одличен е во намалувањето на крвниот притисок и ви помага да се борите против настинки.
Помага при болки во грлото
Исечкајте го зелениот дел од стеблото на парчиња, додадете рендан ѓумбир и сол. Ставете сè заедно во крпа и загрејте.
Завиткајте го во друга крпа и ставете го на воспаленото место.
Го намалува отокот на нозете
Варете го зелениот дел од младиот кромид неколку минути.
Изблендирајте и, доколку е потребно, додадете малку вода додека не добиете паста што можете да ја користите за да ги намачкате нозете.
Отпушува затнат нос
Изгмечете малку од зелениот дел од младиот кромид и натопете парче памук со неговиот сок.
Потоа ставете го на носот и синусите.
