Српски кардиохирург за коронавирусот: Младите умираат за ден-два

Српскиот кардиохирург Миљко Ристиќ изјави денеска дека обдукциите на оние кои починале од коронавирус дадоа зачудувачки и крајно загрижувачки податоци.

– Во Србија се извршени 17 обдукции, а СЗО не препорачува обдукција на оние што починале од коронавирус, затоа што постои огромен ризик присутните да се заразат. Кога станува збор за резултатите од обдукцијата, тие мора да бидат познати и особено младите треба да ги знаат за да послужат како еден вид предупредување – вели д-р Ристиќ.
Тој посочува дека умираат и млади луѓе, а меѓу обдукциите најголем број се млади кои починале во рок од 24 до 48 часа.

– Ова не е едноставна пневмонија или настинка, туку сериозна болест. Треба да се влијае врз свеста на младите за да се намалат активности, а тоа е единствениот реален начин да се спречи епидемијата – вели д-р Ристиќ за Пинк.рс.
Тој потенцира дека во овој момент младите се разболуваат под ист ризик како и старите лица, без претходни заболувања.

– Честопати младите завршуваат за еден до два дена. Разберете дека тоа е во нашето опкружување и дека вие може да бидете кандидат за тоа – вели д-р Ристиќ.

Тој посочува дека вирусот предизвикува инфекција, ги уништува белите дробови, а на оние што ќе го прележат им остануваат трајни последици штетни по нивното здравје: малаксаност, замор …

Респираторот не е семоќен и не може да ја врати функцијата на белите дробови

Респираторите, вели тој, не се семоќни и овозможуваат само здравиот дел од белите дробови да дишат полесно, додека дел од белите дробови погодени од инфекцијата е неповратно уништен.

– Ниту еден лек или респиратор не може да ја врати функцијата на белите дробови – вели д-р Ристиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e