Српски имунолог објасни зошто и вакцинираните завршуваат во болница

Вакцината е најважно оружје во борба со коронавирусот, но не и единствено. Од нашиот имунитет и општата состојба на организмот зависи колку симпотомите и последиците ќе бидат тешко доколку се заразиме. Ова во изјава на телевизијата Нова го вели познатиот српски имунолог др. Борислав Каменов кој е и поранешен директор на Клиничкиот центар во Ниш.

На прашањето што се случува за вакцинираните граѓани да бидат хоспитализирани поради корона вирусот, тој вели дека не смееме да се потрпеме само на примената вакцина, затоа што борбата со оваа болест е значително важна и широка.

– Вакцините многу придонесуваат за нашиот организам, тие се неопходни и ни помагаат да се избориме со вирусот. Меѓутоа, луѓето забораваат низ што се поминало нивното тело во животот и колку отврови се наталожиле од загадувањето, преку нездрава исхрана, секојдневниот стрес и лошиот начин на живот. Кога зборуваме за вакцинираните кои се во болница, не мислам само на луѓето со хронични и други пропратни болести, туку на оние кое велат дека никогаш од ништо не биле болни, а завршиле во болница. Зошто? Затоа што нивниот именитет е лош. Вакцината не може да го подигне целиот имунитет, мораме на неа да и помогнеме. Антителата не се главни во борбата против корона вирусот. Со или без вакцина, ќе се разболиме доколку немаме доволно јак неспецифичен имунитет, кој е наш основен механизам за борба против вирусот, објаснува докторот Каменов.

Кај нашиот народ основниот имунитет, нагласува тој, не му е добар, затоа што пред се лошо се храниме и не внесуваме доволно витамин Д.

– Се труеме со воздух, од кој за жал не можеме да побегнеме, но и со затруена храна, прскано овошје, неквалитетно месо. Кога имаме добра основа во организмот, тогаш вирусот тешко го соборуваат имунитетот. Но, кога состојбата е лоша, тогаш ни вакцина не може да помогне, додава тој во својата изјава за Nova.rs.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e